Петто едноподруго злато за Кенија на 800 метри

83

Кенискиот атлетичар Емануел Вањони го освои златниот медал на трката на 800 метри со време од 1:41.19 минути. Вањони кој на 1 август наполни 20 години стана најмладиот освојувач на златниот медал во оваа дисциплина, а исто така и третиот најбрз човек на 800 метри. Интересно, ова е петто едноподруго злато за Кенија на ОИ во оваа дисциплина – почнувајќи од Вилфред Бунгеи со злато во Пекинг 2008, потоа Дадид Рудиша на ОИ во Лондон и на ОИ во Рио де Женеиро и Емануел Корир на ОИ во Токио.

Среброто замина на градите на Марко Ароп од Канада кој беше една десетинка побавен од Кениецот. Третото место му припадна на Џамел Сеџати од Алжир кој заврши со 0,31 секунда послабо време.

 

 

ПретходноДоминик Соланке е најскапото засилување на Тотенхем
СледноДебитантка победи на 100 метри со препреки, за 0,01 секунда побрза од ривалката