Фондацијата „Марко Божиновски“ донираше апарати за контрола на срцевиот ритам на РК Бутел

79
Фото: Фондација Марко Божиновски

„Фондацијата Марко Божиновски“ која е основана во чест на прерано згаснатиот живот на ракометарот Марко Божиновски продолжува во својата мисија. Во чест на Марче и Андреј Петрески, заедно со родителите на Андреј донираа апарати за контрола на срцевиот ритам на РК Бутел Скопје. Ова е клубот за кого Марче ги одигра последните натпревари.

„Ова е само почеток, а наша цел е да ги снабдиме сите ракометни клубови во Македонија со овие мерачи, а со тоа навремено да се детектираат срцеви аномалии кај ракометарите.
А тоа можеме да го сториме само со ваша помош, преку повик и донација на броевите : А1: 143-800, Телеком: 143-403“, порачаа од фондацијата. 

ПретходноАко е за утеха: Мак-фудбалот ова лето не е најслаб во Европа, имало и бетер од нас, а најлоша е Србија!
СледноДе ла Фуенте по златниот медал: Не го цениме доволно шпанскиот фудбал