Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави е освојувач на златниот медал во кошарка на Олимписките игри во Париз. Вечерва во финалето во „Берси“ во Париз, во реприза на финалето од Токио, ѕвездениот американски тим славеше убедлива победа над домаќинот Франција со 98-87 и со тоа го одбрани златото.
Американците кои имаа исцрпувачки меч против Србија во полуфиналето, имаа сили за уште една маестрална партија, овојпат полесно поминаа отколку на претходниот меч.
По првата четвртина имаа +5 (20-15), на полувреме имаа предност од осум разлика (49-41).
Американците продолжија со исто темпо, во финишот дури и го засилија за убедлив триумф од 15 разлика.
Накефикасни кај Французите беа Вембејама со 26 поени и Јабуселе со 20 поени. Кај Американците Стеф Кари постигна 24 поени, Кевин Дурент и Девин Букер завршија со по 15 поени. Леброн Џејмс стигна до 14 поени.
Американците стигнаа до 17-тиот златен медал. Французите по четврти пат се сребрени. Да потсетиме бронзата им припадна на кошаркарите на Србија.