Денеска почнува фудбалското “лудило“ во мак – фудбалот. Денеска со мечевите од 1.коло стартува новата 33.сезона во самостојна Македонија. Секако дека ќе биде интересно и тоа уште на стартот. Дербито се игра во Струга, каде шампионот го дочекува победникот на Купот, значи ова ќе биде и своевиден “Супер – Куп“ меѓу Струга ТЛ и Тиквеш. Сите мечеви почнуваат во 17 часот само во Струмица се игра под рефлектори, од 20:00 часот меѓу Брера и Вардар. Интересно, и во минатиот шампионат овие две екипи во Струмица се сретнаа на стартот. Само тогаш се играше на комплексот на “Горан Пандев“ а вечерва се игра на “Благој Истатов“.
На Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, тимот на Работнички го дочекува Силекс, се очекува крајно неизвесен дуел, а во Скопје, но на Маџари, се игра и мечот меѓу Шкупи и Воска.
Во Гостивар тимот на Беса ќе го одигра својот прв историски меч во ПМФЛ, за ривал ќе ја има Шкендија.
И во Битола, повратникот во елитата, тимот на Пелистер го дочекува Гостивар.
ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
СТРУГА: Струга ТЛ – Тиквеш
ГОСТИВАР: Беса – Шкендија
СКОПЈЕ: Работнички – Силекс
БИТОЛА: Пелистер – Гостивар
СКОПЈЕ: Шкупи – Воска
СТРУМИЦА: Брера – Вардар (20:00 ч)