Ристовски херој на Динамо Загреб (ВИДЕО)

766

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски донесе радост во редовите на Динамо Загреб. Тој беше главниот „виновник“ за победата над Осијек на гостински терен од 1-2 во рамите на второто коло од новата сезона во хрватската Суперлига.

Откако домаќинот поведе со 1-0, со голот на Лима во 10. минута, Хоџа во 21. минута израмни на 1-1. Ристовски со погодок во последните минути ги постави конечните 1-2.

ПретходноГатузо дури детали за сагата околу Перишиќ
СледноФилмски сцени за крај на ЛОИ во Париз: Том Круз го зема олимпиското знаме!