Солзите на Миовски! (ВИДЕО)

689

Сега веќе се е јасно. Македонскиот репрезентативн напаѓач Бојан Миовски веќе во наредните денови ќе го официјазира трансферот во Џирона. Ќе игра во Ла Лига, ќе игра во Лигата на Шампионите.

Македонецот попладнево имаше емотивно простување од фановите на Абердин, тука беа и солзите. Јасно е дека Бојан никогаш нема да го заборави Абердин, клуб во кој се вивна во височините, но исти така и шкотскио тим никогаш нема да го заборави Миовски, посебно неговите фанови. Во изминатиот период тој и тоа како знаеше да ги радува со своите голови, успеси и победи.

Токму затоа тие му приредија величенствено збогум на Бојан, а дека тој беше трогнат се виде од неговата реакција, од солзите.

Сега на ред се фановите на Џирона да “освојат“.

 

 

 

ПретходноЧелзи го претстави најскапото засилување!
СледноСАД повторно е најуспешната нација на ЛОИ