Трајковски стрелаше во ремито на Хајдук против Локомотива

266

Александар Трајковски го постигна првиот гол за Хајдук во новата сезона во хрватскиот шампионат. Македонскиот фудбалер стрелаше во 81-та минута и му донесе водство на својот тим на гостувањето кај Локомотива од 0-1.

Трајковски влезе во вистинско време, тој не се најде во стартниот состав, во 58-та минута се најде на теренот, а потоа донесе радост во редовите на својот тим.

Дуелот беше продолжен за девет минути, доволно за да домаќинот успее да израмни во самиот финиш на 1-1 и тоа од белата точка.

За Хајдук ова беше прв реми сезонава, откако ја отворија со победа.

ПретходноСАД повторно е најуспешната нација на ЛОИ
СледноДобар фудбал во Струмица: Брера рано поведе, Закариќ врати, на пауза се замина со 1:1!