Фановите на Абердин се збогуваа со својот миленик – Бојан Миовски (ВИДЕО)

782

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Џирона. Тој во шпанскиот тим оди од таборот на Абердин во кој успеа да стане еден од лидерите и секако да ги освои срцата на фановите, кои денеска се збогуваа со него.

Денеска Абердин на домашен терен го совлада Ст.Мирен со 3-1 во рамките на 2. коло во шкотскиот шампионат. Миовски не можеше да посака подобро збогум, ем победнички, ем имаше шанса и тој да им се заблагодари за поддршката.

Миовски и на оваа средба остана за резерви, исто како и во првото коло. Причината веќе е позната трансферот во редовите на шпанскиот тим.

ПретходноФормула 1 објави 3,7 милиони гледачи по првите 14 трки
СледноПМФЛ: „Супер – Купот“ за Струга ТЛ, Работнички и Шкендија со три бода, Шкупи се спасуваше, 1:1 во Битола!