Американките ја победија Франција и го освоија златниот медал!

110

Кошаркарките на САД го освоија златниот медал на МОИ во Париз. Тие попладнево во последното финале од екипните спортови ја совладаа домашната селекција на Франција со 67:66 и со тоа станаа олимписки шампионки.

Може да се каже дека и заслужено, ако се знае дека во големото финале Американките беа подобри, повеќе покажаа, но на крајот си имаа проблеми. Французинките покажаа дека заслужено се во финалето, но сепак тоа не беше доволно да се победи силната селекција на САД. Не беше доволна ни драмата во последните секунди кога погодија само двојка а не тројка.

Па така по машката, еве и и женската кошаркарска селекција на САД дојде до златниот медал. Интересно и во двете финалиња за противници на имаа домашната селекција.

ПретходноДали е се готово? Дојде на тренинг на Барса и си замина по неколку минути! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Фитон Адеми од Шкендија е стрелецот на првиот гол во новата сезона!