ФОТО:Sportal.rs
Србија – Хрватска 13:11 во големото финале на ватерполо турнирот на ЛОИ во Париз. Значи балканската “класика“ или балканската пресметка заврши со триумф за Србија, која дојде до третиот златен медал на овие ЛОИ во Париз, и која дојде до историски хет-трик на последните три ЛОИ на кои освојува злато.
Секоја честа за ватерполистите на оваа земја ако се знае како одиграа во групната фаза, како едвај се “протнаа“ во четвртфиналето, но српските ватерполисти кога требаше најмногу, кога беше најпотребно, беа најдобри.
Едноставно Србите доминираа во ова финале, по четврти резултатот се движеше 5:2, 3:3, 3:3, 2:3 за вкупни 13:11 и за конечна победа и ново злато, трето по ред како што веќе кажавме.