Нова “бомба“ е детонирана од ФК Гостивар.Имено попладнево гостиварци се пофалија дека имаат нов спортски директор и тоа во името на Муса Соу, некашен фудбалер од Сенегал.
Инаку Соу е легенда на Фенербахче, дел од својата кариера ја мина и во Лил, како и во некои други клубови во Европа.
„Со задоволство најавуваме дека Муса Соу се приклучува на нашиот клубски менаџмент. Тој е легенда на Фенербахче и Лил, двократен шампион, најдобар стрелец во турската Суперлига и француската Лига 1, мајстор за голови, пример за спортски и хуманитарни дела во Турција и Африка. Срдечно му посакуваме добредојде за неговата одлука да ни се придружи на нашето патување“ велат од таборот на Гостивар.