Брера го победи Вардар за успешен старт на сезоната!

1579

Брера – Вардар 3:1 е епилогот од вечерашниот меч кој се одигра под рефлектори на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица. Ова беше последниот натпревар од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ.

Ивковиќ беше двоен стрелец за струмичани, гол даде и Оласебикан, додека за Вардар стрелец беше Закариќ.

Треба да се каже дека Вардар беше силно хендикепиран со неиграњето на Најдовски, Брдаревски и Шаркоски кои поради повреда не беа во составот на стратегот Михаилов на оваа средба. Но затоа Вардар ја имааше поддршката од “Комитите“ кои во текот на целиот меч ги бодреа своите миленици.No description available.

Инаку Брера рано поведе и тоа уште во 2.минута со голот на Ивковиќ. Иако се чини дека овој гол можеби беше од офсајд. Струмичани добро го почнаа мечот. Покрај водството Брера имаше и неколку закани по голот на гостите од Скопје. Ивковиќ и Мато можеа да го удвојат водство, но за среќа на гостите тој резултат од 1:0 остана.

Како што одминуваше времето, Вардар ја преземаше иницијативата. Креираше акции, покажуваше дека и тоа како знае да игра. Поседот беше на негова страна. И кога се игра така тогаш полесно е да дадеш гол, а тоа се случи во 29.минута кога по асистенцијата на Дианеси, Закариќ постигна убав гол за 1:1. Во финишот на првиот дел Брера повторно притисна, имаше и удари кон голот на Вардар, сепак на пауза се замина со тие 1:1.

И второто полувреме, исто како и првото, започна со силна иницијатива за Брера и тоа со две големи шанси. Мато и Ивковиќ опасно се заканија, но сепак немаше гол. Во 50.минута и Ристовски можеше да реализира, но Гачевски феноменално одбрани.

Сепак тоа како да навестуваше погодок за домашните, кој дојде во 53.минута. И пак тој Ивковиќ, се најде сам пред Гачевски, реагираше голгетерски за ново водство на домашната екипа, за 2:1.

Во тие моменти Вардар се обидуваше да се наметне, да ја стабилизира играта, но тешко одеше. Домашните како да беа побрзи, поефектни.No description available.

Брера може да жали зошто не постигна и трет гол во таа 65.минута кога Мато шутираше а Гачевски одлично одбрани.

А во 76.минута многу среќа за Вардар, Мато уште еднаш одлично го проигра Ивковиќ а овој ја погоди пречката.

Но затоа во 77.минута Брера постигна гол за 3:1, а стрелец беше Оласебикан кој од 15 метри одлево успеа да го совлада Гачевски.

Реален резултат според она што го видовме на теренот.

ПретходноЈокиќ ужива во коњски трки и ладно пиво (ВИДЕО)
СледноАнчелоти „пикираше“ 18-годишен фудбалер, Реал е подготвен да искешира 100 милиони евра