Прв меч и прва победа за младиот тим на Работнички во новата сезона. Попладнево на Арената во Скопје совладан е Силекс со 1:0 и тоа со голот на Делеј, убав гол, нема што.
За тоа како го виде мечот свој коментар за “СпортСпорт“ има Горан Станиќ, стратегот на Работнички.
“Тешко време за играње, пеколно топло, но тоа е. Да кажам дека тешки се овие први мечеви во сезоната за играње, многу нервоза, неизвесност. Искрено сметам дека Работнички може да одигра и подобро од тоа што го прикажавме денеска, но сепак, победа си е победа. Да се стартува со три бода не е мала работа, а посебно ако славиш над така квалитетна екипа како Силекс. Токму затоа морам да бидам задоволен“ посочи Станиќ кој напомена дека во текот на оваа недела ќе се работи на исправање на грешките во играта на неговиот тим.