Албанија го освои и вториот медал на ЛОИ во Париз. Денеска борачот Ислам Дудаев во битката за бронзата во категоријата до 65 кг, слободен стил, успеа да го совлада Исмаил Музукајев од Унгарија. Со тоа тој донесе голема радост кај спортските фанови кај нашиот западен сосед.
Пда кажеме дека првиот медал, исто бронза, на овие ЛОИ за Албанија го освои Чермен Валиев, кој исто во борење и го донесе на Албанија првиот медал во историјата на таа земја.
Од имињата јасно се гледа дека и двајцата се натурализирани, но тоа го прават и поголеми земји од Албанија, па затоа на Албанците може само да им се честита на големиот успех.