Испрати порака за слобода на Авганистанките, па веднаш беше дисквалификувана

1292
ФОТО: Profimedia

На овие Олимписки игри се натпреваруваат околу 11.000 спортисти, а повеќето од нив се фокусирани исклучиво на постигнување на најдобри можни спортски резултати. Меѓутоа, повремено се појавува некој кој сака да ја искористи големата сцена за да испрати порака што ја сметаат за важна.

Последниот случај од ваков карактер се случи вчера во брејк, односно брејк денс, првиот денс спорт во историјата на Игрите. Во квалификациите настапи Манижа Талаш, Авганистанка која се натпреваруваше за бегалскиот олимписки тим. Прво загуби, а потоа по настапот се покри со наметка на која пишуваше „слобода за Авганистанките“. Поради ова, таа веднаш беше дисквалификувана.

Талаш избега од Авганистан во 2021 година. Таа го направи ова откако Талибанците се вратија на власт и ја забранија музиката и танцот за жените. Покрај тоа, тие им забраниле на жените пристап до училници и спортски сали, па нејзините спортски и човечки активности биле невозможни.

ПретходноСите трансфери на едно место: “Бомбите“ беа Ибраими, Спировски, Најдовски, Дирар…
СледноЈокиќ го грабна микрофонот и го запеа хитот „Проклета је Америка“