Леброн: Убаво е кога играш заедно со Кари, не се гледам себе си на ОИ во Лос Анџелес

488
Фото: ФИБА

Кошаркарскиот „дрим тим“ на САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, а Леброн Џејмс беше прогласен за МВП на турнирот.
Ова е голем момент за американската кошарка. Сè поминавме заедно. Останавме заедно и покрај сите тешкотии во текот на натпреварите од почеток до крај. Златото беше единственото нешто за кое дојдовме. Пристигнавме со една заедничка цел и ја завршивме работата.

Ова е мојот најсладок златен медал. И во 2012 година настапивме силно и успеавме да победиме во Лондон. Сега, сепак, ја составивме оваа постава прилично брзо. Не ни се допадна како играше тимот минатото лето и моравме брзо да реагираме. Заедно сме еден месец и одлично е што го постигнавме овој успех“, изјави Леброн.

Херој на успехот на Американците, сепак, беше Стеф Кари, кој постигна вкупно 17 тројки на последните два натпревари на САД против Србија и Франција за да ја одведе својата репрезентација до златните медали. Леброн и претходно беше сведок на слични испади од Стеф, но кога беше од другата страна на теренот во НБА.
Сум видел такви работи од него и порано, но сега разбирам дека е многу убаво кога си на негова страна. Му се восхитувам на неговиот талент.
Многу пати бевме противници, но кога сте негов соиграч, секогаш се обидувате да го најдете на паркетот и да му дадете додавања“, изјави Џејмс за Кари, а потоа изрази воодушевување од Кевин Дурент.

КД е еден од најголемите играчи во историјата. Без разлика дали ви се допаѓа или не, не можете а да не кажете дека овој тип е вонземјанин“, сподели Кралот.

39-годишниот крилен напаѓач на Лос Анџелес Лејкерс не мисли дека ќе може да игра на следните Олимписки игри кои ќе се одржат во ЛА во 2028 година.
Најважно е што победивме. Чест ми е што сум МВП на турнирот. Не знам кој гласал за мене, но благодарен сум за тоа. Но, главната работа за мене е што ние сме освојувачи на златни медали… Не гледам како ќе стигнам до Лос Анџелес. Не дека мислев дека ќе играм овде во Париз, но по четири години можеби нема да можам“, изјави Џејмс.

ПретходноТен Хаг по поразот од Сити: Болката ќе не трогне и ќе не мотивира да работиме подобро
СледноПМФЛ: „Супер – Куп“ во Струга, Вардар на гости кај Брера, Работнички го дочекува Силекс, историја за Беса!