Легендарниот Микел Хансен со злато се прости од играчката кариера!

135

По цели две децении активно играње, Микел Хансен (36), еден од најдобрите ракометари во историјата денеска со злато се прости од својата играчка кариера. Тој и пред ЛОИ во Париз објави дека по завршувањето на Олимпијадата нема веќе да биде активен играчки.

Хансен и на денешното финале против Германија, кое Данска убедливо го доби, одигра неколку минути. Па така може да се каже дека на најубав можен начин ја заврши својата играчка кариера.

Хансен со својата селекција освои се што можеше да освои, но сепак останува една дамка поради тоа што на клупски план не успеа да ја освои ракометната Лига на Шампиони иако во дел од својата кариера играше за најголемите клубови во Европа.

Сепак и покрај тоа, како што рековме, Микел Хансен се смета за еден од најдобрите во историјата. Пред неколку дена од ракометот се прости и Никола Карабатиќ, веројатно најголемиот во историјата на оваа игра.

Тие двајца во изминатите две децении важеа за најголеми ѕвезди во ракометот.

ПретходноБалканската пресметка за Србија, историски хет – трик, и трето злато на ЛОИ во Париз!
СледноСекоја чест: Кејн не сакаше да го подигне пехарот освоен против Тотенхем! (ВИДЕО)