На ѕвездата на Баерн Минхен, кој е пред трансфер во Јунајтед, му се заканува затворска казна?!

423

Иако се почести се шпекулациите дека Матијас де Лихт ќе прави трансфер од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед, сепак тој би можел да заглави во затвор, такви се барем најавите од Германија.

Имено во средата Холанѓанецот со својот автомобил предизвикал сообраќајна несреќа во близина на клупските простории, но лошо е тоа што тој само си заминал, не ја дочекал полицијата. За ова информација дал случаен минувач кој дал изјава и целосно опишал што направил дефанзивецот на Баерн Минхен.

Сега се очекува што ќе покаже истрагата на полицијата. Се вели дека обочно санкциите за вакви прекршоци се парични, но можно е таа да биде и затворска и тоа до три години.

ПретходноСејдини им посака успешна сезона на прволигашите!
СледноИталијанките со златниот медал во одбојка!