Неверојатната Сифан Хасан го освои златото во маратонско трчање со олимписки рекорд

250

Холанѓанката Сифан Хасан е победничка на маратонот во Париз со време од 2 часа 22 минути и 55 секунди што претставува нов олимписки рекорд, уривајќи го претходниот на Тики Гелана од Етиопија поставен на ОИ во Лондон (за седум секунди).

Хасан успеа во финишот да направи маестрален спринт и да избие на првото место. На нешто повеќе од два километри пред крајот водечка беше Шерон Локеди но во финишот го загуби ритамот и заврши на четвртото место и без медал.

Во тие моменти Хасан беше четврта, меѓутоа собра сила и во маестрален спринт во завршните метри мина прва низ целта, а со три стотинки послабо време, второто место го освои Тигст Асефа од Етиопија. Трета беше Хелен Обири од Кенија со време 2:23:10.

За Сифан ова е прво злато на ОИ во Париз по бронзените медали на 5000 метри и на 10 000 метри.

ПретходноДенеска ќе бидат затворени Олимписките игри во Париз
СледноПМФЛ: Струга ТЛ во одбрана на тронот, Шкендија се заканува! Што може Вардар?