Американскиот кошаркар Леброн Џејмс е прогласен за најдобар играч на олимпискиот турнир во Париз.
Искусниот кошаркар играше константно добро на целиот турнир, дури и во подготвителниот период, а повлече кога беше најпотребно, иако истото можеше да се каже и за Стеф Кари кој брилјираше во полуфиналето против Србија и во финалето кога со тројки ја „потона“ Франција.
И Никола Јокиќ имаше фантастичен турнир и беше најдобар во сите параметри – поени, скокови и асистенции.
Сепак, на крај наградата замина кај Леброн Џејмс.
За најдобар тренер е избран селекторот на Франција, Венсан Коле. Тој ги предводи Французите од 2009 година, а го предводеше тимот до сребрениот медал на ОИ.
Најдобрата петорка на турнирот изгледа вака:
Денис Шредер, Германија
Стеф Кари, САД
Леброн Џејмс, САД
Виктор Вембањама, Франција
Никола Јокиќ, Србија