Супер интересно беше на петте попладневни мечеви од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ. Дербито во Струга, во кое се сретнаа шампионот и победникот на Купот го доби Струга ТЛ и тоа со гол на Компаоре во 90.минута од средбата. Значи стружани го добија „Супер – Купот“ ако може така да се каже.
Работнички со убавиот гол на Делеј го победи Силекс со 1:0, секако дека ова е голем успех на младиот тим на стратегот Горан Станиќ.
На Маџари беше 1:0 за Шкупи, па 1:3 за Воска, на повидок беше сензација, но сепака фаворитот со голови во 86. и 92.минута преку Гуеи и Едмундсон дојдоа барем до бод, кој секако дека не ги задоволува фановите на овој тим.
Шкендија беше убедлива во Гостивар и славеше со 3:1 на гости кај Беса, Адеми со два и еден на Ибраими беше доволно за стартни три бода.
Во Битола екипите на Пелистер и Гостивар одиграа 1:1.
РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ ЗА 1.КОЛО
БЕСА – ШКЕНДИЈА 1:3
(Селмани (п) 35./Адеми 11., 21., Ибраими (п) 62.)
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1:1
(Ристевски 45+1,/Потук 36.)
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:0
(Делеј 45+3/)
ШКУПИ – ВОСКА 3:3
(Ибиши 14.,, Гуеи 86., Едмундсон 90+2/ Јахја 39., Осеи 74, Ибраими 80.)
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 1:0
(Компаоре 90./)
ВЕЧЕРВА – 20 Ч
БРЕРА – ВАРДАР