Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Манчестер Сити во мечот од Суперкупот на Англија популарно наречен Комјунити шилд. „Црвените ѓаволи“ се првата екипа со 10 порази во ова натпреварување.
Тренерот Ерик тен Гаг проговори за поразот.
„Кога тимот игра добро, води во регуларното време и на пенали, но на крајот губи, тоа е непријатно за сите. Боли, но мораме да го прифатиме тоа.
Понекогаш треба да почувствувате болка затоа што тоа ќе не трогне и ќе не мотивира да работиме подобро. Од оваа игра можеме да заклучиме дека можеме да играме рамноправно со Сити и тоа мора да го пренесеме во лигата“, изјави Тен Хаг.