Александар Трајковски го постигна првиот гол за Хајдук во новата сезона во хрватскиот шампионат. Македонскиот фудбалер стрелаше во 81-та минута и му донесе водство на својот тим на гостувањето кај Локомотива од 0-1.
Трајковски влезе во вистинско време, тој не се најде во стартниот состав, во 58-та минута се најде на теренот, а потоа донесе радост во редовите на својот тим.
Дуелот беше продолжен за девет минути, доволно за да домаќинот успее да израмни во самиот финиш на 1-1 и тоа од белата точка.
За Хајдук ова беше прв реми сезонава, откако ја отворија со победа.