Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Џирона. Тој во шпанскиот тим оди од таборот на Абердин во кој успеа да стане еден од лидерите и секако да ги освои срцата на фановите, кои денеска се збогуваа со него.
Денеска Абердин на домашен терен го совлада Ст.Мирен со 3-1 во рамките на 2. коло во шкотскиот шампионат. Миовски не можеше да посака подобро збогум, ем победнички, ем имаше шанса и тој да им се заблагодари за поддршката.
Миовски и на оваа средба остана за резерви, исто како и во првото коло. Причината веќе е позната трансферот во редовите на шпанскиот тим.