Ракометната репрезентација на Шпанија е бронзена на Олимписките игри во Париз откако утринава, во малото финале ја совлада Словенија со резултат 23-22. Тоа беше изедначен натпревар, каде двата тима правеа мини серии и се менуваа во водството до два гола разлика.
Словенија добро го почна мечот, поведе со 6-4, потоа Шпанија сврте на 10-8, за на полувреме да се отиде со 12-12.
Во вториот дел исто така се играше изедначено, а во финишот подобро се снајдоа Шпанците и стигнаа до петтиот бронзен медал на ОИ. Словенија остана без првиот медал во историјата кога станува збор за ракометот.
Во големото финале од 13:30 часот ќе играат Данска и Германија.
Во женска категорија златото отиде кај Норвешка, среброто кај Франција, а бронзата кај Данска.