А требаше да биде големо, мега – финале на ракометниот турнир во машка конкуренција, посебно ако се знае какви величини се Данска и Германија.
Но, ништо од тоа. Ни Ф од финале. Данска просто ја растури Германија со 39:26 и успеа да дојде до златниот медал на ЛОИ во Париз.
Уште на стартот се виде дека Данците сакаа да покажат кој е кој во моментов во ракометот, си билдаа разлика, на пауза се замина со неверојатни 21:12. Германците во тој период ги немаше никаде, апсолутно беа немоќни да одиграат барем нешто и да покажат дека заслужуваат да бидат во ова финале.
Така беше и во продолжение од средбата. Данска и натаму не помислуваше да престане, просто ја “мелеше“ Германија и на крајот ова финале заврши со резултат 39:26 или +13 разлика.
Најефикасни кај победничката и златна репрезентација на овие ЛОИ беа Гидсел со 11 голови и Ландин со Ландин, Питлик стрелаше шест пати.
Кај Германците најефикасен беше Кнор со 6 погодоци.
По мечот големо славје во редовите на оваа ракометна велесила.
Данска едноставно не се шегува.