Иако се почести се шпекулациите дека Матијас де Лихт ќе прави трансфер од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед, сепак тој би можел да заглави во затвор, такви се барем најавите од Германија.
Имено во средата Холанѓанецот со својот автомобил предизвикал сообраќајна несреќа во близина на клупските простории, но лошо е тоа што тој само си заминал, не ја дочекал полицијата. За ова информација дал случаен минувач кој дал изјава и целосно опишал што направил дефанзивецот на Баерн Минхен.
Сега се очекува што ќе покаже истрагата на полицијата. Се вели дека обочно санкциите за вакви прекршоци се парични, но можно е таа да биде и затворска и тоа до три години.