Сејдини им посака успешна сезона на прволигашите!

75

Во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, 33-та по ред во самостојна Македонија, вообичаено се огласи мна своите социјални мрежи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Тој им посака на сите клубови успешна сезона:

“Драги љубители на фудбалот,

Овој викенд започнува новата фудбалска сезона 2024/2025 во Македонија.

Оваа сезона нека ни донесе игра изградена на тимски дух и почит кон противникот. Нека нашите терени бидат места каде што страста и ентузијазмот создаваат шампиони. Нека преовладее фер плејот и почитта меѓу сите тимови а на крајот нека победи најдобриот.

Ја користам оваа прилика да посакам многу успех и радости за стие тимови.

Со среќа на сите!“ напиша Сејдини.

ПретходноДудаев и го донесе вториот медал на Албанија на ЛОИ!
СледноНа ѕвездата на Баерн Минхен, кој е пред трансфер во Јунајтед, му се заканува затворска казна?!