Филмски сцени за крај на ЛОИ во Париз: Том Круз го зема олимпиското знаме!

966
ФОТО: The Olympic Games

33-те Летни Олимписки Игри и официјално се затворени. Точно на полноќ е спуштена завесата на најважниот спортски настан кој во изминатите денови се одржуваше во Париз. Олимпиското знаме оди во САД, следен домаќин е Лос Анџелес 2028.

И овој пат Французите приредија вистински спектакл на „Стад де Франс“, овој пат имаше Златен патник кој се спушти на земја. Тој е испратен од иднината и шета низ континентите поставени во центарот на арената. Нему му приоѓа девојка во сребрена облека која носи грчко знаме, што е асоцијација со раѓањето на Олимписките игри.

Претходно продефилираа сите спортисти, ги видовме и сите оние кои беа во позадина, волонетирите кои неуморно работеа. Домаќинот, но и првиот човек ИОК им се заблагодарија на нив, како и на сите што беа вклучени во организацијата…

Пред самиот крај се појави и холивудската ѕвезда Том Круз, во стилот на „Невозможна мисија“ со јаже се спушти на сцената. Тој го зеде олимпиското знаме се качи на мотор и го напушти стадионот, во стилот на неговите филмови беше прикажан како го пренесува олимпиското знаме до ЛА.

За потсетување Американците имаат 126 медали, 35 повеќе од Кинезите.

Точно на полноќ ЛОИ беа прогласени за затворени, огнот во Париз згасна.

ПретходноРистовски херој на Динамо Загреб (ВИДЕО)
СледноНеверојатна ситуација на ОИ: На Романката и го одземаа па и го вратија медалот