Потпреседателката на ФИБА Европа, Кармен Токала е гостин на Кошаркарската федерација на Македонија. На покана на раководството на КФСМ, г-ѓа Токала беше дел од присутните на натпреварот Естонија-Македонија, а деновите на престој на „првата жена“ на Романската кошаркарска федерација, ќе бидат искористени за разговори околу планираните активности на двете федерации во наредниот период, но и активната соработка со европската зона на ФИБА, чиј потпретседател е г-ѓа Токала.