ФОТО НА КОЛОТО: Комити ја “запалија“ Струмица!

274

Убава фудбалска неделна вечер вчера во Струмица. Добро пополнети трибините на стадионот “Благој Истатов“, победи Брера со 3:1 против Вардар, но сепак посебен шмек на овој меч му дадоа гостинските фанови, Комитите.

Тие во текот на целиот меч навиваа за својот Вардар, ја дадоа потребната поддршка, но и тоа не беше доволно, едноставно струмичани вчера беа подобри.

Во еден момент Комити со “бакљи“ се чини дека просто ја “запалија“ Струмица. Убава глетка, посебно зошто се играше под рефлектори и затоа е ова фото на колото. Со оглед на пеколните горештини убаво би било, барем во август, сите мечеви во ПМФЛ да се играат навечер под светлоста на рефлекторите.

ПретходноНико Вилијамс ја задолжи „десетката“ и порача: Горд сум што ќе го носам неговиот број
СледноПрва победа на ЕХФ ЕУРО: Кадетите направија важен чекор за опстанок