Барса се пофали со Олмо пред своите фанови, после беше понижена од Монако!

347

Се чини дека Барселона на Ханси Флик е далеку од посакуваната форма на една недела пред стартот на новата сезона во Ла Лига. Вечерва на “Монжуик“ во меч од “Гампер Купот“, каталонскиот гигант беше убедливо понижен од Монако и тоа со 0:3. Стрелци на головите за гостите беа Камара, Емболо и Мависа.

И не само поради поразот, Барса се мачеше, немаше игра. Во последната фаза од средбата влезе и Јамал, но ни тој не помогна колку толку да се поправи впечатокот па затоа и дојдоа свирежите од трибините за ваквата претстава.

Инаку пред мечот пред фановите на Барса се појави и Дани Олмо, тука беа и направија заедничко фото играчите на Барса кои беа во селекциите на Шпанија на ЕП и ЛОИ на кои оваа земја успеа да триумфира.

ПретходноХари Наковски: Знаеме каде треба да се поправиме за мечевите со Грузија и Грција!
СледноРК Пелистер ги пушта во продажба сезонските билети!