Дибала одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија

190

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала добил невверојатна понуда од Саудиска Арабија и тој ќе остане во Рома. Поранешниот фудбалер на Јувентус и на Палермо имал откупна клаузула од 12 милиони евра која важи од 1 до 15 јануари и од 1 до 31 јули за клубови надвор од Италија и 20 милиони евра за клубови од Италија.

Според „Скај Италија“, Ал Кадсија ја активирал клаузулата од 12 милиони евра и испратил неверојатна плата за Аргентинецот да заигра во саудиската Про Лига. Неофицијално, понудата била четиригодишен договор вреден 100 милиони евра, поточно 25 милиони на годишно ниво. Сепак, Дибала ја одбил што значи дека останува во Рома.

Неговиот договор со „волчицата“ е со важност до јуни 2025 година и постојат шанси за почнување на преговори за продолжување на истиот.

ПретходноНеверојатна ситуација на ОИ: На Романката и го одземаа па и го вратија медалот
СледноСтрашно! Загинал поранешен фудбалер на Олимпијакос и младински репрезентативец на Грција