Кадетите со убедлив пораз од Естонија!

104

Прв пораз на нашите кошаркари на ЕП Б -дивизија до 16 години на третиот меч во групата Д. Значи нема “три од три“ за Македонија и со тоа е прекината перфекцијата. Нашите момчиња вечерва се поразени, и тоа убедливо, од селекцијата на Естонија со 57:76

Се разбира дека по стартните две победи и амбициите пораснаа, но сепак треба да се каже дека вечерва Естонија едноставно беше подобра.

Во првата четвртина тоа не дојде до израз, нашите кадети беа сосема солидни па ја завршија со -2 разлика или 21:23.

Во втората четвртина Естонија заигра уште подобро, а ние имавме пад во нашата игра, едноставно тешко се браневме а и тешко реализиравме па затоа на пауза се отиде со -10 поени разлика.

Во продолжение од средбата Македонија со сите сили се обидуваше да се врати во “игра“ што се вели, но толку беа силите. Естонците само на билдаа својата предност и се чини тука, во таа трета четвртина беше решен победникот.

До крајот нашите момчиња за жал не успеаја да го намалат тој минус, само колку толку тој минус да го намалат, па така крајниот резултат гласеше Македонија – Естонија 57:76.

Во нашиот табор најефикасни беа Цветковски со 11 и Ефтимовски со 10 поени.

По комплетирањето на 3.коло во групата Македонија сега е на делба на второто место со селекцијата на Шведска.

За пласман во следната фаза потребна е победа над Австрија, но и Естонија да не загуби од Шведска.

ПретходноКоментар на 1.коло: Брера покажува сила, шампионот може и без Ибраими…
СледноПотпретседателката на ФИБА Европа, гостин на КФСМ! (ФОТО)