Кадети ја почнуваат битката за опстанок (ЛИНК)

144

Македонската кадетска репрезентација денеска (14:30 часот) ја стартува битката за опстанок на М18 Европското првенство што се одржува во Црна Гора.

Прв противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето за пласман од 17-24 место е репрезентацијата на Украина која реално е убава шанса за прв триумф на овој шампионат. Покрај оваа земја, нашите кадети ќе играат против Грција и Италија.

За опстанок на истата генерација во 2026 година, Македонија ќе мора да ги освои првите две места.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина директно ќе биде пренесуван на платформата на ЕХФ, ehftv.com.

ПретходноСлавниот кошаркар се прости од дресот на Франција
СледноЗапочна чистката во Барселона, Флик отпиша двајца фудбалери