Македонските кадети против Естонија за продолжување на перфекцијата (ЛИНК)

173

Нашата машка кадетска репрезентација, односно кошаркари „Под 16“ години, денеска продолжува со настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 8. до 17.август ќе се одржи во нашиот главен град-Скопје.

Пред нив е итретиот натпревар од групната фаза на првенството, а за противник, нашите млади кошаркари ја имаат репрезентацијата на Естонија. Исто како и Македонија, Естонците немаат пораз, имаат две победи, па подобриот од оваа пресметка ќе го превземе врвот на табелата во групата Д.

Мечот е закажан со почеток во 18:30 часот во СРЦ „Кале“. Оние кои нема да дојдат во салата, истиот можат да го проследат на линкот во продолжение.

ПретходноПрва победа на ЕХФ ЕУРО: Кадетите направија важен чекор за опстанок
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бојан Круљ (Брера Струмица)