На романската гимнастичарка Ана Барбоса ќе и биде вратен бронзениот медал кога првично и беше доделена на Американката Џордан Чајл, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.
Меѓународниот суд за спортска арбитража пресуди во корист на 18-годишната Романка бидејќи е направена административна грешка во жалбената постапка. Медалот кој и беше одземен по жалба на американската репрезентација и беше доделен на Чајлс.
Сепак, според правилникот на Меѓународната гимнастичарска федерација рокот за жалби на натпреварите е една минута од моментот на објава на резултатите, а жалбата на Американката е примена по една минута и четири секунди по објавувањето на оцените за настапот на Чајлс.
Го рашири знамето да слави медал, а потоа следуваше разочарување