„Не добив медал затоа што доаѓам од Хрватска“

292

Хрватскиот гимнастичар Аурел Беновиќ беше бесен на судиите по Олимписките игри во Париз. Тој го заврши натпреварувањето на петтото место и остана без медал. Во финалето за првиот прескок добил оценка 15.000, за вториот 14.800, а неговиот ривал за идентичен втор скок добил 14.900 и така освоил медал. Златото му припадна на Карлос Едриел од Филипини, а среброто на Артур Давтјан, додека третото на Британецот Хери Хепворт.
Четврото место му припадна на Џејк Џарман од Британија (14.933), а петтото за Беновиќ со просечна оценка 14.900.

Жал ми е поради медалот, што пресуди субјективна процена на судијата. Не освоив медал затоа што седум луѓе рекоа дека мојот скок не е доволно добар во однос на Ерменецот, кој направи ист скок како и мене. Ја гледавме снимката, нема тука премногу разлика, а судиите одлучија за неговиот прескок да дадат 14.900, а за мојот 14.800. Да ми дадоа оценка 14.900, тогаш просечната оценка ќе ми беше 14.950 и ќе бев трет пред Британецот. Во судиската комисија беа Ирец и Австралиец, а тие знаат да бидат на нивна страна“, изјави Беновиќ за „Индекс“.

Не можам да кажам дека тоа пресудило, но знам дека субјективното оценување го одредува резултатот. Ако не им се допаѓам, ако не им се допаѓа како изгледам поради тоа можам да добијам помала оценка, што според мене нема смисол. Треба да судат по тоа што ќе направам, а не по националност.

Може користат паметни камери, систем кој би гледал како си го извел скокот, под кој агол ти е испружено телото, колку си отскокнал по доскок, а не судијата да одлучи дека мене не ми треба медал затоа што доаѓам од мала Хрватска, туку да му го дадат на Ерменецот кој е бронзен од Токио и кој има изградено име“, додаде Хрватот.

ПретходноСлавел злато на ОИ и доживеал инфаркт
СледноБешикташ сакал да го донесе Киеза, но се шокирал од барањата на играчот