Од ринг на суд – Келиф поднесе тужба поради „сексистичката кампања“ против неа

124

Алжирката боксерка Имане Келиф, поради која и понатаму трае најголемата контроверзност на Олимписките игри, одлучи по освоениот златен медал во Париз да оди на суд.
Таа одлучила да побара правна помош поради, како што наведува, хајката која се водела против неа и тие кои ја покренаа.
Госпоѓата Келиф контактираше адвокатска куќа која поднесе тужба за тешко интернет вознемирување, преку центарот за сузбивање на омраза на интернет во канцеларијата на париското правобранителство. Криминалната истрага ќе утврди кој ја покренал оваа мизогена, расистичка и сексистичка кампања, но и исто така ќе се фокусира на тие кои го подгревале овој дигитален чин. Неправедното вознемирување кое го претрпи оваа боксерска шампионка ќе остане најголема дамка на овие Олимписки игри“, изјави адвокатот Набил Боуди, а пренесува „ЕСПН“.

Имане освои злато на ОИ, а по мечот порача:
Јас сум жена како и секоја друга жена. Родена сум како жена, живеев како жена, се натпреварувам како жена. Е сега, постојат непријатели на мојот успех. А тоа на мојот успех му дава посебен вкус поради овие напади. Сакам да му кажам на светот да се посвети на олимписките принципи и не треба да малтретираат луѓе. Се надевам дека ќе престанат ваквите напади. Ние на сме на Игрите да настапуваме како спортисти“, изјави Келиф.

Да потсетиме, МОК им дозволи на Имане и на Ли Ју-Тингда од Тајван да се борат на ОИ, иако имале вишок на машки хромозоми. Од друга страна, Меѓународната боксерка федерација ги суспендира.

ПретходноОсмани: Очекувавме Тиквеш да се брани, ама не до толку
СледноСлавниот кошаркар се прости од дресот на Франција