Струга ТЛ го победи Тиквеш со 1:0 на стартот на ПМФЛ, а тренерот Ќатип Османи изјави дека е задоволен од победата, но изненаден од начинот на кој играл противникот.
„Не одигравме како што сакавме, меѓутоа целта е остварена. Во текот на првоо полувреме екипата не играше како што треба, а во второто бевме подобри и поопасни. Очекувавме Тиквеш да игра дефанзивно во Струга, но не до толку. Нивната игра се базираше на контра напади, а преку нив се заканија по еднаш во двете полувремиња. Ние бевме подобри, поопасни и на крајот бевме наградени“, изјави Османи.