Прва победа на ЕХФ ЕУРО: Кадетите направија важен чекор за опстанок

419

Македонската кадетска репрезентација направи важен чекор кон опстанокот во ЕП М18 за две години, откако денеска ја запиша првата победа на шампионатот кој се одржува во Црна Гора. После трите порази во групната фаза, нашите ракометари ја совладаа Украина со убедливи 26-21 во разигрувањето од 17 до 24 место.

Ристевски со осум гола беше прв стрелец, шест имаше Дамјан Митев, додека пак голманот Николовски беше прогласен за играч на мечот, зад своето име запише 13 одбрани.

По изедначеното прво полувреме (10-10) во кое двете репрезентации има кратко и минимално водство од еден гол, по одморот Македонија заигра многу подобро. Со серија од 5-0 успеа да поведе со 19-14 пред средината на овој период.

Украина не се предаде, се обидуваше да ги размрда нашите редови. На стартот на 50-та минута намали на 21-18, период во кој Македонија имаше играч помалку. Сепак ова не беше доволно за да се наруши ритамот, нашите ракометари го приведоа мечот во своја корист.

Следен противник е селекцијата на Грција, мечот се игра утре со почеток во 14:30 часот.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Комити ја “запалија“ Струмица!
СледноМакедонските кадети против Естонија за продолжување на перфекцијата (ЛИНК)