Атлетико Мадрид ги ангажираше Конор Галахер и Хулиан Алварез, па се чекаше само трансферот на Саму Омородион во Челзи за да ги претстави двете засилувања за ова лето. Сепак, трансферот на Омородион во Челзи „заглави“ поточно нема да се реализира. Неофицијално, шпанскиот фудбалер кој настапи на Олимписките игри во Париз ги сменил условите поради што Челзи се повлекол од трансферот.
Па така и трансферите на Галахер и на Алварез „висат“ поради тоа, но ситуацијата може да ја спаси Жоао Феликс. Португалецот кој се врати по позајмицата во Барселона, сега ќе биде испратен во Лондон.
За Челзи е прифатливо да го ангажира Феликс кој веќе беше на „Стемфорд Бриџ“ во 2023 година.