РК Пелистер ги пушта во продажба сезонските билети!

84

Како што и официјално објавија од клубот, РК Пелистер ги пушта во продажба сезонските билети кои ќе важат за сите натпреварување. Како во домашниот шампионат, така и во Лигата на Шампионите во која нашиот првак одново ќе се натпреварува.

За тоа како може да се стигне до билет, за која цена и за останатите детали, битолчани објавија на своите социјални мрежи:

Ланските сезонски претпатници добиваат приоритет во продажбата!

Започнува претпродажбата на сезонските билети за натпреварите на Еурофарм Пелистер. Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2024/25 дозволете да ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Во следните шест дена им даваме приоритет на сезонските претплатници од минатата сезона (2023/24), кои имаат можност да ги задржат своите места и за оваа сезона. До среда, 14 август 2024 година, сите сезонски претплатници од минатата сезона ќе може да си го задржат своето место на домашните натпревари на Еурофарм Пелистер во сите натпреварувања во спортската сала „Боро Чурлевски.

Потврдата за задржување на сопственото место во спортската сала „Боро Чурлевски“ испратете ја на клупскиот мејл – [email protected], со напомена на вашето име и презиме и местото на трибината.

Цените на сезонски билети за натпреварувачката 2024/25 година за сите натпревари во сите натпреварувања ќе изнесуваат:

6.500 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)

5.500 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)

Што добивате со сезонскиот билет ?

* Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер.

* На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.

* Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.

* Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.

Продажбата на сезонските билети за сите наши навивачи, симпатизери и приврзаници ќе започне следната недела.

ПретходноБарса се пофали со Олмо пред своите фанови, после беше понижена од Монако!
СледноФото на денот: Јокиќ повторно во елемент, овој човек е чудо, овој човек е голем фраер!