Сега и официјално: Лаутаро во Интер до 2029!

66

Сега веќе нема дилеми, сега се е готово. Долги беа преговорите на Интер со својот капитен, но сега е официјално. А тоа е дека Лаутар Мартинез потпиша договор на пет години и ќе остане во Интер најмалку до 2029 година.

Ова секако дека е вест на задоволство на сите фанови на гигантот од Милано, на сите во клубот, секако и на самиот Аргентинец кој не криеше во текот на преговорите дека тој го сака Интер и дека сака да остане во овој клуб.

Се разбира дека и платата ќе биде зголемена, се говори дека таа ќе изнесува нешто помалку од 10 милиони евра, тука не ги сметаме разните бонуси.

Сепак најважно за Интер е дека успеа да го задржи еден од клучните свои играчи.

ПретходноОфицијално: Алварез е нов играч на Атлетико Мадрид!
СледноДраматични моменти за семејството на Кари во Париз! (ВИДЕО)