Славел злато на ОИ и доживеал инфаркт

505
Foto> Twitter/Jalol Akhmedov

Селекторот на боксерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев доживеал срцев удар за време на прославата на златото на својот боксер. Тој можел да го изгуби животот пред четири дена додека го славел златото кое го освоил Хасанбој Дусманов.
Животот му го спасиле британските колеги, тврди „Сан“, и наведува дека Киличев доживеал срцев застој во просториите на Ролан Гарос каде што е одржан бокс мечот.
Во тие моменти покрај него се нашле двајца членови на олимпискиот тим на Британија кои почнале со реанимација.
„Не викнаа итно, па прво требаше да ги тргнеме вознемирените тренери кои беа околу него. На почетокот не реагираше, но по околу 20-30 секунди дојде при свест, што е одлично“, изјавија докторот Харџи Синг и физиотерапевтот Роби Лилис за „Сан“.
Тој е во стабилна ситуација во болница во Париз.

ПретходноПо златото на ОИ – Кер се повлекува од кормилото на САД, познат е неговиот наследник
Следно„Не добив медал затоа што доаѓам од Хрватска“