Иако ова лето направи голем трансфер од Рајо Ваљекано во Валенсија, сепак се чини дека Столе Димитриевски би можел да се врати во “својот“ Рајо. Ова доаѓа по тоа дека првиот голман на Валенција, Грузиецот Мамардашвили сеуште нема направено трансфер и ако не се случи тоа тогаш јасно е дека Македонецот ќе биде резерва на “Местаља“. Опција која секако дека воопшто не му одговара на нашиот репрезентативен голман па така и тој и Рајо размислуваат за враќање. Ова го пишуваат медиумите во Шпанија.
Инаку според договорот кој Столе го има со Валенсија, за околу 3 милиони евра тој би можел да го раскине истиот ако и натаму Мамардашвили остане на “Местаља“.
Останува да се види како ќе се одвива оваа ситуација до крајот на преодниот рок во Ла Лига.