Фото на денот: Јокиќ повторно во елемент, овој човек е чудо, овој човек е голем фраер!

1368

Секоја чест за Новак, за ватерполистите, кошаркарите и останатите спортисти на Србија кои освоија медали на ЛОИ во Париз, и затоа вечерва им беше приредена спектакуларна забава.

Сепак еден човек е посебен.

А тоа е Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот кој во изминатите два дена е во центарот на светската спортска јавност. Прво по онаа забава во Париз, потоа кога дојде пијан на подимумот при добивањето на бронзата а и вечерва беше во елемент.

Имено прво се појави на балконот, ги поздрави околу 80.000 луѓе, ги слушна како викатаа МВП, МВП, за да потоа се повлече во внатрешноста во зградата на Собранието и просто уживаше со малку пијалок.

Оваа е фото на денот, оваа фотографија е легендарна.

Нема што, овој човек е чудо, овој човек е голем фраер.

Додека Новак и останатите пееја, викаа и скокаа заедно со фановите, Јокиќ кулираше…

ПретходноРК Пелистер ги пушта во продажба сезонските билети!
СледноВан Дајк призна дека не добил понуда за нов договор