Убава фудбалска неделна вечер вчера во Струмица. Добро пополнети трибините на стадионот “Благој Истатов“, победи Брера со 3:1 против Вардар, но сепак посебен шмек на овој меч му дадоа гостинските фанови, Комитите.
Тие во текот на целиот меч навиваа за својот Вардар, ја дадоа потребната поддршка, но и тоа не беше доволно, едноставно струмичани вчера беа подобри.
Во еден момент Комити со “бакљи“ се чини дека просто ја “запалија“ Струмица. Убава глетка, посебно зошто се играше под рефлектори и затоа е ова фото на колото. Со оглед на пеколните горештини убаво би било, барем во август, сите мечеви во ПМФЛ да се играат навечер под светлоста на рефлекторите.