Израел и Косово ја отсликаа играта на македонската репрезентација во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2026.Селекторот Хари Наковски се надева дека блокот и одбраната можат да се подобрат, а со тоа Македонија ќе се доближи до четвртиот континентален собир едноподруго.
В сабота нашите одбојкари ќе играат со Грузија на гости, а на 25-ти ќе ја пречекаат Грција.
Во пресрет на овие два меча, селекторот има свој коментар:
“По завршувањето на “Чајка“, на мечевите со Израел и Косово, дојдовме до некоја слика, видовме во кои елементи треба да се поправиме и што не функционираше. Имавме проблеми со блокот, а потоа и со поставување на одбраната. Имаме уште неколку дена да го подобриме блокот а заедно со тоа и одбраната и се надевам дека ќе бидеме спремни за мечевите со Грузија и Грција. Формата полека ја подигнуваме на потребното ниво и се надевам дека против Грузија, која е нешто послаб противник на хартија, треба да одиграме добар натпревар. За да потоа во Скопје против Грција да го дадеме својот максимум“ посочи Наковски.