Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го престигна Рафаел Надал по бројот на недели на втората позиција на АТП листата.
Новак го држи апсолутниот рекорд по бројот на недели поминати на првото место (428), а наскоро би можел да достигне уште еден рекорд.
Станува збор за бројот на недели поминати на второто место во историјата на тенисот, а тој рекорд претходно го држеше Рафаел Надал со 596. На таа бројка сега е Новак, а на третото место е Роџер Федерер со 528.
Што се однесува до рекордот со недели поминати во Топ 3, Ѓоковиќ веќе е убедливо прв со 753 недели.